Заврши серијата на Бостон, шампионот без најдобрите декласиран (ВИДЕО)

Кошаркарите на Чикаго Булс ја прекинаа серијата од девет победи на Бостон Селтикс откако синоќа триумфираа на домашен терен со 121-107.

Вучевиќ и Дероузен со по 20 поени беа први имиња кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 28 поени на Џејсон Тејтум.

Шампионот без услугите на Кари, Томпсон и Грин загуби на гостувањето кај Њу Орлеанс со убедливи 128-83. Брендон Инграм со 34 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај гостите Џордан Пул го заврши мечот со 26 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Кливленд – Атланта 114-102, Индијана – Орландо 123-102, Милвоки – Портланд 119-111, Минесота – Мајами 101-105, Оклахома – Њујорк 119-129 и ЛА Клиперс – Јута 121-114.

Се вчитува...