Заврши задолжителниот карантин на Реал Мадрид, но Зидан и фудбалерите пак ќе бидат – во карантин

Фудбалерите и стручниот штаб на Реал Мадрид, заедно со уште 750 вработени во клубот, денеска го заокружуваат 14-дневниот задолжителен карантин кој им беше наметнат поради контактите со Треј Томпкинс, членот на кошаркарскио состав на „крлевите“ кој заболе од коронавирус. Тој на 12 март објави дека е позитивен на Covid-19 и сите кои имале близок контакт со него или во претходниот период биле присутни во тренинг-базата „Валдебебас“ беа ставени во задолжителна самоизолација.

Но, и откако мина задолжителниот карантин, „кралевите“ продолжуваат во карантин. Битката со коронавирусот во Шпанија е жестока, а клубот им препорача на сите фудбалери да останат во домашни услови. Засега сите ќе останат во своите домови во Мадрид, а недостасуваат единствено Лука Јовиќ кој замина во Србија и си создаде многу проблеми поради роденденот на девојката Софија, и Еден Азар кој по операцијата се врати на домашно лекување во Белгија.

 

Се вчитува...