Завршницата од кошаркарскиот Куп ќе се игра во Кавадарци

Кошаркарите на МЗТ Скопје ќе ја бранат Куп-титулата која минатата сезона ја освоија во Кавадарци. Лимак Холдинг победи на лицитацијата за организатор на кошаркарксиот Куп и го одбра градот Кавадарци како домаќин на завршните натпревари, како што претходно најави ЕКИПАа предмалку тоа го потврди и македонската куќа на кошарката.

limak kup

Лимак Холдинг искажува особена благодарност до Кошаркарскиот Клуб Фени Индустри за поддршката во организацијата на Купот на Македонија во Кавадарци, за отстапувањето на салата и за поддршката околу судискиот и безбедносниот дел од организацијата.

На „Лимак Купот на Македонија 2017“ ќе настапат осум екипи во машка конкуренција и четирите најдобро пласирани по првиот дел на првенството во Првата женска лига.

 Четвртфиналните натпревари ќе се играат во еден ден. И тоа со натпреварувачки броеви во кои МЗТ Скопје и Карпош Соколи (не играат во првиот дел) ќе бидат дел од „привилегираната” група од четири клубови, заедно со првопласираните две од првиот дел од сезоната (екипите на Работнички и на Фени Индустри).

Лимак Холдинг е светски реномирана компанија со седиште во Турција основана во 1976 година, специјализирана за секаков вид инфраструктурни и градежни проекти, вклучувајќи аеродроми, пристаништа, автопати, брани, хидроцентрали, фабрики, индустрискиобјекти, цевководи, хотелиерство и туризам.

Лимак за кратко време ќе започне со изградба на огромен комплекс вклучително и тунел напросторот околу Старата железничка станица во Скопје.Планира да инвестира над 200 милиони евра во современ, атрактивен,  мултифункционален деловно резиденцијален комплекс кој ќе има за цел да го спои симболот на градот Старата железничка станица со модерните потреби и животни навики на граѓаните на Скопје.

Се вчитува...