Збогум Италија – Пауло Дибала се враќа дома

Пауло Дибала ги минува последните месеци во дресот на Рома откако аргентинскиот генијалец веќе донел одлука летово да ја напушти не само „римската волчица“, туку и италијанскиот фудбал севкупно.

Одличниот голгетер сезонава речиси и да не доби шанса кај тренерот Гасперини, пред се поради честите повреди, по што и управата на Рома го олади интересот за нов договор и воопшто не му понуди продолжување на соработката. Дибала имаше понуди од европски клубови, но реши да си ја исполни големата желба и да се врати назад во татковината, и тоа во дресот на гигантот Бока јуниорс.

Аргентинските медиуми тврдат дека преддоговорот е веќе потпишан и се чека завршувањето на сезонава, за овој фудбалер да биде претставувен како суперзасилување за гигантот од Буенос Аирес.

Дибала си замина од Аргентина уште во 2012 година и целата кариера оттогаш ја мина во италијанската Серија А, во дресот на Палермо, Јувентус и на Рома.

Се вчитува...