Црвена Звезда попладнево го официјализираше она што веќе беше најавено, Саша Обрадовиќ со отказ го плати катастрофалното издание и елиминацијата со 0-2 од Партизан во полуфиналето од АБА-лигата.
„Црвено-белите“ се видно незадоволни од резултатите на скапо платениот тим, а вообичаено цената ја плати тренерот, кој дојде на местото на Сферопулос, но не успеа да ја доврши сезоната на чело на белградскиот тим.
Од Црвена Звезда решија сезонава да ја доврши Милан Томиќ, кој од стартот на сезонава е директор на клубот, а летово ќе биде ангажиран нов врвен стратег.
„Црвена Звезда ја известува јавноста дека Саша Обрадовиќ веќе не е тренер на сениорскиот тим. Му се заблагодаруваме на досегашниот тренер за ангажманот и посветената работа. Eкипата во наредниот период ќе ја води Милан Томиќ, кому му се заблагодаруваме што прифати да ја преземе одговорноста и да ја води екипата во завршницата од домашното првенство“, се вели во соопштението на белградските „црвено-бели“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
