Уште еден член на шампионската генерација на Вардар летово ќе го напушти македонскиот првак, откако по Иван Чупиќ договор со својот нов клуб потпиша и Кристијан Дисингер.
Германскиот бек кариерата ќе ја продолжи во романскиот шампион Динамо Букурешт, од каде денеска и официјално го потврдија потпишувањето на двогодишниот договор и му посакаа добредојде на Дисингер. Екс-ракометарот на Кил ќе ги одигра преостанатите средби за „црвено-црните“ пред летово и официјално да ги смени клупските бои.
Дисингер пристигна како големо засилување од Кил, но честите проблеми со повредите го спречија да го покаже сиот свој потенцијал. Германецот уште пред извесно време најави дека нема да потпише нов договор со Вардар, а од неколкуте понуди на маса ја избра онаа на Динамо Букурешт, тим што најавува сериозен проект предводен од тренерот на Барселона, Чави Пасквал, кој летово би требало да се пресели на кормилото на романскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА