„Зборнаја“ нема да ја брани титулата – Србија ќе ја замени Русија во Дејвис купот

Русија нема да ја брани титулата во Девис купот. Руските тенисери се исфрлени од ова натпреварување поради руската инвазија врз Украина. Дејвис купот објави дека на местото на Русија ќе влезе репрезентацијата на Србија.

Србите беа најдобр рангирани од репрезентациите кои минатата година играа во полу-финалето. Листата на учесници ќе биде комплетирана откако Дејвис купот ќе додели една специјална покана.

Покана од Дејвис купот веќе доби репрезентацијата на Велика Британија.

Покрај Србија, Белика Британија и финалистот од минатата година, Хрватска место на завршниот турнир во Дејвис купот, веќе си обезбедија: Аргентина, Австралија, Белгија, Франција, Германија, Италија, Казахстан, Јужна Кореа, Холандија, Шпанија, Шведска и САД.

Се вчитува...