Здивот сопира, се игра „Ел Класико“: Меси има 26 гола против Реал, но ниеден во Купот на Шпанија

Реал Мадрид после сто дена повторно гостува на „Камп Ноу“. Минатиот пат си помина неславно и загуби со 5-1. Овојпат е тоа прв полуфинален натпревар од Купот на Шпанија. Фановите на Барселона треперат дали ќе игра Лионел Меси, кој се жали на повреда. Но, против него е и статистиката. Тој е најдобар стрелец во историјата на „Ел Класико“, но ниту еден гол нема постигнато против Реал Мадрид во Купот на Шпанија.

Барселона и Реал Мадрид во Купот играле 34 пати, Барселона има 15 победи, Реал 12, а седум пати мечевите завршиле со нерешен резултат.

Седум пати двата вечни ривали играле во полуфиналето на Купот. Реал Мадрид четири пати се пласирал во финалето, сметајќи ги и двете последни полуфиналиња во 1993 и во 2013 година.

Реал Мадрид добил само едно од последните шест гостувања против Барселона во Купот на кралот. Но, има постигнато погодок на последните 11 натпревари против каталонскиот тим во Купот на Шпанија.

Здивот сопира од 21 часот, се игра „Ел Класико“…

Се вчитува...