Здравко Дејановиќ стана првиот Македонец со освоени три врва над 8.000 метри: Но со „жртва“ го освои Анапурна 1 (ФОТО)

Здравко Дејановиќ стана првиот Македонец кој успеа да освои три светски врва над 8.000 метри.

Освојувајќи го врвот Анапурна 1, Дејановиќ успеа да ги „скроти“ трите најпрестижни врва на Хималаите. Претходно веќе ги имаше освоено Монт Еверест и К2.

Македонскиот херој од Хималаите го развеа македонското знаме на највисокиот врв, но за жал неговиот подвиг мина со жртва откако веднаш по освојувањето мораа итно да му бидат ампутирани два прста од раката поради замрзнување. 

Сето тоа се случило додека Дејановиќ го вадел од ранецот македонското знаме на температура од минус 50 степени за да го развее на врвот Анапурна 1.

Се вчитува...