Здравко Мамиќ се расплака: Не ми е грижа за затворската казна, туку за мајка ми! (ВИДЕО)

Деновиве Здравко Мамиќ минува низ силни емоции. Главната причина за ова е конечната пресуда од судот и изречената казна затвор заради финансиски измами и криминал во фудбалскиот клуб Динамо Загреб.

Откако беше осуден во текот на неделата, тој жестоко ги нападна судиите кои ја донесоа пресудата во Босна и Херцеговина. Еден ден подоцна, тој го прослави историскиот успех на неговиот Динамо – победата против Тотенхем.

Мамиќ беше гостин и на телевизијата „Фејс“ не можејќи да ги задржи солзите на програмата која беше емитувана во живо. Најпрво зборуваше за тоа како за време на војната помагал на луѓето во Сараево, а сведочел и за тоа што светските sверови им правеле на овие народи. За време на разговорот на оваа тема, тој се сети и на неговата мајка …

“Мајка ми има 90 години. Жената постојано се моли и го повикува ‘Оче наш’… Неодамна ми кажа: Сине, нема да умрам и нема да ме закопаат, ќе живеам додека не те сретнам и видам повторно. Во саботата таа го прослави својот роденден во Загреб, иако не знае кога и е роденден, ниту го прослави… Знаете, не е коректно. Цели семејства останаа тука без браќа и сестри, така што тие не плачат, тие се справуваат со сите тешкотии. Јас не плачам затоа што утре треба да одам во затвор, ниту дека сум толку неправедно прогонуван, туку затоа што не можам да ги поминам последните моменти со мојата мајка, да бидам во нејзините раце, да и кажам колку ја сакав и да и се извинам за сите ситни кражби, кога украдов од нејзиниот паричник или кога и го продадов ѓерданот за да лекувам девојче. Да и кажам – Мајко, ти благодарам за сè …“ – во солзи зборуваше Здравко.

Се вчитува...