Зе Роберто: Нејмар ќе се пензионира пред 30-годишна возраст

Поранешниот репрезентативец на Бразил, Зе Роберто е загрижен за својот сонародник Нејмар, за кого смета дека доколку не излезе од кризата во која се наоѓа, нема да игра фудбал подолго од 30-годишна возраст.

„Нејмар мора од корен да го промени начинот на кој размислува. Повредите многу му влијаат, но тој не е 100% фокусиран на фудбалот и само е прашање на време кога ќе престане да ужива во него. Ако вака продолжи тој нема да игра подолго од 30. година“, изјави Зе Роберто. 

Во моментов Нејмар се поврзува со враќање во Барселона, во обид каталонскиот тим да ја врати доминацијата во европскиот фудбал.

Се вчитува...