„Земјотрес“ во Белград: Станковиќ денеска поднесува оставка од клупата на Црвена Зведа?!

Тренерот на Црвена Звезда, легендарниот Дејан Станковиќ денеска ќе им понуди оставка на управата на клубот, по неуспехот во квалификациите за Лигата на шампионите. Вакво нешто можеше и да се насети синоќа од неговите зборови, пренесуваат медиумите во Србија.

Втора година по ред, фудбалерите на Црвена Звезда не успеаја да стигнат до групната фаза од Лигата на шампионите, „црвено-белите“ овој пат поразени од Шериф во Тираспол со  1-0 и со тоа беа елиминирани во третото коло од квалификациите.

 

Се вчитува...