Зени Хусмани заминува од Шкендија?

Актуелниот македонски првак Шкендија тргнува во реновирање на составот, а еден од оние кои би можел да си замине од Тетово е Зени Хусмани. Дефанзивниот играч за врска има договор до јуни 2021 година, но нефицијално добил понуда за спогодбен раскин на договорот од раководството на клубот. Хусмани во последниот период не блескаше со своите игри во Шкендија, впрочем како и целиот состав на Ернест Ѓока.

Се уште нема конкретен одговор од фудбалерот дали би прифатил да замине, секако, со одреден паричен надомест за предвремениот раскин на договорот со клубот. Зени Хусмани дојде во Шкендија пред една година, во зимскиот преоден рок на стартот на 2019 година.

Се вчитува...