Зенит и Басконија со убедливи триумфи останаа во игра за плејоф во Евролигата

Зенит ја прекина серијата од три порази во низа со победата во руското дерби против Химки со убедливи 70-91. Мики беше предводник на домаќините со 23 поени и 5 скока, додека него го следеше Швед со 19 поени и 4 скока. Кај победничкиот состав четири играчи забележаа двоцифрен број на поени од кои најрасположен беше Холинс со 17 поени.

До убедлива победа стигна и Басконија која славеше над Милано со 86-69. Хенри ги предводеше домаќините со 19 поени и 6 асистенции, додека него го следеше Полонара со дабл-дабл од 17 поени и 13 скока. Кај италијанскиот состав Пантер беше првото име со 13 поени, додека Родригез додаде 12 поени и 4 асистенции.

Со овие победи рускиот и шпанскиот состав стигнаа до 17 победа во сезоната со што останаа во игра за место кое води во разигрувањето во најсилното кошаркарско натпреварување во Европа.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...