Зенит ја шокираше Барселона во Евролигата

Зенит е единствениот тим што како гостин успеа да слави на првите четвртфинални средби во Евролигата, земајќи го скалпот на гоелмата Барселона со драматичен триумф од 74-76. Барса влезе како првопласирана во регуларниот дел од сезоната, но Јасикевичиус денеска беше надмудрен од поранешниот стратег на каталонскиот гигант, Чави Пасквал.

Зенит доминираше во првиот дел, пред крајот на полувремето имаше „плус седумнаесет“, а на одмор замина со водство од 14 поени. Барселона се врати, па во финишот се влезе во израмнета завршница. Пангос беше човекот на одлука со поени на десет секунди до крајот. Барса имаше напад за триумф, но Хигинс реши да земе шут за тројка преку човек, промаши, по што рускиот состав заслужено стигна до победата. Пангос беше најзслужен за победата со 19 поени и 9 асистенции, а најефикасен кај Барселона беше Дејвис со 18 поени.

ЦСКА Москва славеше над Фенербахче со 92-76, максимално користејќи го отсуството на шестмина кошаркари и на тренерот Кокошков од таборот на турскиот гигант. Фенер парираше додека имаше сила, Де Коло постигна 22 поени во првото полувреме, но пресудна беше последната четвртина што ЦСКА ја доби со убедливи 28-10 и стигна до победата. Хекет и Клибурн со по 20 поени беа најефикасни кај рускиот гигант, додека Де Коло беше прв стрелец на Фенербахче со 27 постигнати поени.

Се вчитува...