Зенит стави крај на неверојатната низа од 24 победи во низа на Рајковиќ и ЦСКА во ВТБ

Емил Рајковиќ и ЦСКА Москва го претрпеа првиот пораз во ВТБ сезоната. Во 25. коло на гостински терен во московската арена славеше Зенит со 86-90 во драматичен натпревар кој беше одлучен во последните минути.

Зенит подобро го отвори мечот за водство од 18-26 по 10. минути игра, но ЦСКА Москва успеа да се врати во игра во продолжението од првото полувреме. „Армејците“ ја добија втората четвртина со 24-13 со што замина на паузата со предност од 42-39.

Изедначениот меч продолжи и во второто полувреме, во третата четвртина избраниците на Рајковиќ успеаја да ја задржат предноста за минимални 64-63, а потоа следеше драма во завршните десет минути во кои трагичар беше Алекси Швед.

При резултат 77-79, ЦСКА преку Швед имаше две шанси да дојде до изедначување, но откако истите ги пропушти следеше казна на спротивната страна. Искусниот Русин потфрли и во одбраната, потоа загуби и топка со која гостите поведоа со 77-83 на две минути до крајот.

ЦСКА се обиде да се врати во мечот во последната минута, преку тројката и двојката на Вер стигнаа до само 86-88 на 12 секунди пред крајот, но немаше сили за целосен камбек.

Се вчитува...