Згаснува клубот во кој кариерата ја почна Лука Модриќ

НК Задар, клубот во кој кариерата ја почна најдобриот фудбалер во светот за 2018 година, Лука Модриќ згаснува. Имено, откако не добил лиценца за настап во Втората фудбалска лига на Хрватска, Задар следната сезона нема да се натпреварува во ниту една натпреварување во оваа земја.

Задар требаше да заврши во стечај, но проблем е тоа што поради корона кризата стопирани се сите стечајни постапки. Сепак, фудбалот во овој град нема да згасне, бидејќи е формиран нов клуб со име ХНК Задар во кој се префрлени сите фудбалери, освен во сениорскиот тим што се очекува да се случи во следниот период.

Новиот клуб следната сезона ќе настапува во Жупаниската лига, со што ќе го почне патот кон враќање меѓу елитата на хрватскиот фудбал.

Модриќ првите фудбалски чекори ги направи токму во овој клуб од кој беше дел од 1996 до 2000 година.

Се вчитува...