Жаилсон е предизвикувач на инцидентот во Истанбул: Делеше шлаканици, па бегаше „ко зајак“… (ВИДЕО)

Бразилецот од Фенербахче, Жаилсон е причинителот на инцидентот по крајот на турското дерби меѓу Галатасарај и Фенербахчи кое заврши без победник, 2-2.

По крајот на натпреварот дојде до судир меѓу Мароканецот Белханда од Галатасарај и Шпанецот Солдадо од Фенербахче. Во нивната „пресметка“ која се чини ќе завршеше без посериозни последици, неочекувано агресивно се вклучи Жаилсон кој му удри шлаканица на Белханда…

 

На сето тоа не останаа смирени и останатите фудбалери на Галатасарај кои веднаш се впуштија „во потера“ по Жаилсон, кој пак „како зајак“ избега кон соблекувалните….

На крајот и судиите преку ВАР системот дополнително разгледуваа кој е вклучен во инцидентот како би одредиле соодветни санкции. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, и покрај обидите да ја смири ситуацијата во првиот момент, за среќа остана надвор од срамниот инцидент.

Се вчитува...