Жал за златото – Вардарови солзи течеа до Дунав (фотогалерија)

ЕКИПА во Будимпешта,

Билјана Б.Петрушева, Игор Паневски

Ракометарките на Вардар не можеа, ниту пак сакаа да ги сокријат солзите по големото разочарување во финалето против Ѓер, во кое по дополнителни десет минути останаа без златниот медал и титулата европски шампионки.

Шансата беше тука, но ја пропуштија, малку со неискуство, малку со судиски одлуки и делегатско влијание, но „црвено-црните“ знаат дека и покрај се, беа толку близу. И не се знае дали и кога повторно ќе им се укаже ваква можност. Вардарови солзи вечерва течеа до Дунав, но оваа тага нека се претвори во мотив и решителност – догодина македонскиот тим ако европски првак да ја напушти Будимпешта.

[new_royalslider id=”633″]

Се вчитува...