Жан Мишел Ола: Мојата понуда до Ванда Нара уште е на маса…

Мауро Икарди имаше одличен старт на авантурата во дресот на ПСЖ, но на последните натпревари на „светците“ ја грее клупата на овој тим. Тоа ја менува и целата ситуација околу иднината на Икарди на „Паркот на Принцовите“, францускиот првак се уште размислува дали да го откупи неговиот договор со Интер, а тоа би можел да го искористи тимот на Лион.

Првиот човек на Лион, Жан Мишел Ола обелодени дека и минатото лето се интересирал да го доведе Икарди на „Жерлан“ , но и дека останал во контакт со Ванда Нара.

„Се сретнав со Ванда Нара, која ми остави силен впечаток како агент. И реков дека ако Икарди сака да игра секој викенд, да дава голови и да биде среќен, треба да дојде во Лион. Мојата понуда до Ванда е уште на маса, таа и Мауро ќе треба да ја донесат конечната одлука“, изјави Ола.

Доколку не биде откупен од ПСЖ, Икарди на крајот од сезонава ќе се врати назад во Интер, а интерес за неговите услуги покрај Лион покажува и Јувентус, како и премиерлигашот Челси.

Се вчитува...