Жанг го продава клубот – Интер добива американски газди

Интер наскоро би можел да добие американски газди откако конзорциум од САД веќе води активни преговори со кинескиот газда на „нероаѕурите“.

Жанг во минатото изјавуваше дека не сака да го продаде трофејниот италијански клуб, но сега ситуацијата е променета. Тој е тужен во татковината и може да заврши во затвор, така што мора што поскоро да ги врати долговите што неговите компании ги создадоа за време на кризата од коронавирусот. Една од компаниите на Кинезот преку која го контролира Интер, „Grand Tower Sarl”, на почетокот од март мора да плати 275 милиони евра рата од кредит земен од американски фондови, што само може да го забрза процесот на продажба.

Како што јавува италијанскиот весник „Il Giornale”, разговорите се во напредна фаза и многу лесно може да се случи да дојде до договор веќе до крајот на месецов, по што Интер би ја завршил сезоната со нов газда.

Се вчитува...