Жарко Пешевски во тимот на колото во Бундес-лигата

Жарко Пешевски максимално ја искористи дадената минутажа на дуелот против Ерланген, на кој македонскиот репрезентативец го предводеше тимот на Штутгарт до значајна победа.

Нашиот репрезентативен пивот мина на теренот нешто повеќе од 11 минути, но одлично се снајде постигнувајќи четири гола од исто толку обиди. Тој најпрвин беше избран за најдобар играч на Штутгарт на натпреварот, а уште поголема чест е денешниот избор во тимот на колото од 24. рунда од Бундес-лигата.

Рамо до рамо со Пешевски се наоѓа голманот на Кил, Никлас Ландин, како и Дурак и Милер од Лудвигсхафен, Маријан Михалчик од Минден, Џонатан Карлсбогард од Лемго и Марсел Шилер од Гепинген.

Се вчитува...