Ждреб ЛЕ: Адеми и Ристовски против специјалистот за Лига Европа

Нашите Аријан Адеми и Стефан Ристовски со нивниот Динамо Загреб ќе играат со Вилјареал, кој е предводен од специјалистот за ЛЕ, Унаи Емери, во четвртфиналето во Лигата на Европа, одлучи денешната ждрепка во Нион. Манчестер Јунајтед ќе се сретне со шпанска Гранада.

Во останатите два четвртфинални дуели, Арсенал ќе игра против Славија Прага, а Ајакс со Рома. Првите натпревари се закажани за 8. април, додека реваншите ќе се играат една седмица подоцна.

ДВОЈКИ ЗА 1/4 ФИНАЛЕ: 

Гранада – Манчестер Јунајтед

Арсенал – Славија Прага

Ајакс – Рома

Динамо З. – Вилјареал

ДВОЈКИ ЗА 1/2 ФИНАЛЕ: 

Гранада/Манчестер Јунајтед – Ајакс/Рома

Динамо З./Вилјареал –  Арсенал/Славија Прага

Се вчитува...