Ждреб за ФА Куп: Манчестер Јунајтед мина најлошо од фаворитите

Фаворитите се избегнаа меѓусебно во денешната ждрепка за двојките од третото коло од ФА Купот на Англија. Често во претходните години се случуваше два фаворити за трофеи да се сретнат уште на самиот почеток од натпреварување, но овојпат голем дел од нив за ривали добија екипи од пониските дивизии.

Така, Ливерпул ќе го пречека Шрусбери, Манчестер Сити му гостува на Свиндон, Челси ќе биде домаќин на Честерфилд, додека Арсенал го очекува гостување против Нотингем Форест.

Најлошо од тимовите кои важат за фаворити за освојување на пехарот мина Манчестер Јунајтед, кој ќе го пречека составот на Астон Вила. Во останатите премиерлигашки пресметки Вест Хем ќе го пречека Лидс, додека Лестер ќе биде домаќин на Ватфорд.

Сите натпревари од третото коло во ФА Купот на Англија ќе се играат во периодот од 7 до 10 јануари 2022 година.

Се вчитува...