Ждреб за ЛШ: Челси против Реал, Сити со Атлетико Мадрид

Челси – Реал Мадрид ќе биде најинтересниот пар во четвртфиналето во Лигата на шампионите одлучи денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион. Актуелниот европски шампион ќе го дочека на „Стемфорд Бриџ“ најтрофејниот клуб, додека реваншот ќе се игра во Мадрид.

Интересно се очекува да биде и во дуелот меѓу Манчестер Сити и Атлетико Мадрид. Избраниците на Диего Симеоне повторно ќе гостуваат во Манчестер, додека реваншот ќе се игра на „Ванда Метрополитано“. Во останатите две четвртфиналиња ќе играат Вилјареал – Баерн Минхен и Бенфика Ливерпул.

Во полуфиналето победникот од мечот меѓу Сити и Атлетико ќе игра со победникот од Челси и Реал Мадрид, додека победникот од Бенфика и Ливерпул ќе игра со подобриот од Вилјареал – Баерн Минхен.

Првите четвртфинални натпревари ќе се играат на 5. и 6. април, додека реваншите се закажани за седум дена подоцна.

ЛШ 1/4 финални ПАРОВИ: 

Челси – Реал Мадрид

Манчестер С. – Атлетико М.

Вилјареал – Баерн М.

Бенфика – Ливерпул

Се вчитува...