Ждрепка по мерак на Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен

Ждрепката за Австралија Опен беше во полза на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Тој на патот до 22. грен-слем титула ќе избегне сериозни противници, а во првото коло силите ќе си ги одмери со Роберто Крабалес Баена.

Во втората рунда за противник ќе го има Уго Делијен или квалификант, додека во третата рунда го очекува и првиот носител во Григор Димитров кој почнува против Аслан Карацев.

Во осминафиналето силите ќе си ги одмери со Алекс де Минор или Пабло Каренјо Буста, додека за четвртфиналето ги избегна Медведев, Оже-Алијасим и Фрик, а ќе се сретне со Рубљов, Кирјос или Холгер. Со Рафаел Надал или Данил Медведев можен е дуел само во финалето.

Првиот грен-слем турнир во годината започнува на 16. и ќе трае до 29. јануари.

Се вчитува...