Ждрепка за ЛШ: ПСЖ, Дортмунд, Милан и Њукасл е „група на смртта“, Елмас против Реал Мадрид

Групата Ф е дефинитивно група на смртта по денешната ждрепка во Лигата на шампионите. Сите се силни тимови и сите ќе се борат за пласман во 1/8 финалето. ПСЖ е главен фаворит, а тука се и Борусија Дортмунд, Милан и Њукасл.

Од другите групи, интересна ќе биде групата А, каде што е класиката меѓу Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед. Елиф Елмас со Наполи ќе игра против Реал Мадрид, Брага и Унион Берлин.

 

ГРУПА А: Баерн М., Манчестер Јунајтед, Копенхаген, Галатасарај.

ГРУПА Б: Севилја, Арсенал, ПСВ, Ленс.

ГРУПА Ц: Наполи, Реал М., Брага, Унион Берлин.

ГРУПА Д: Бенфика, Интер, Салцбург, Р. Сосиедад.

ГРУПА Е: Феенорд, Атлетико М., Лацио, Селтик.

ГРУПА Ф: ПСЖ, Борусија Д., Милан, Њукасл.

ГРУПА Г: Манчестер Сити, Лајпциг, Ц. Звезда, Јанг Бојс.

ГРУПА Х: Барселона, Порто, Шахтјор, Антверпен.

Се вчитува...