Ждрепка за СП 2022 – Македонија вечерва ги добива противниците во квалификациите за Мундијалот во Катар

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва во Цирих ќе ги добие противниците во квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 година. Нашата селекција се наоѓа во четвртиот шешир.

Ждрепката за квалификациските групи ќе биде он-лајн, без можност претставниците на националните федерации да присуствуваат во живо поради пандемијата на коронавирусот.

Вкупно 55 селекции ќе бидат поделени во десет квалификациски групи, пет со по шест репрезентации и пет групи со по пет репрезентации. Квалификациите ќе траат од февруари до ноември следната година. Десет победници од групите ќе се пласираат директно на СП 2022, а десетте второпласирани тимови, како и две репрезентации од Лигата на нации, ќе играат дополнителни квалификации.

Овие 12 репрезентации ќе бидат поделени во три групи со по четири селекции кои ќе се борат за уште три визи за СП 2022.

Се вчитува...