Жељко Бабиќ уште три години на чело на Еурофарм Пелистер

Раководстото на Еурофарм Пелистер уште еднаш ја потврди долгорочноста на овој ракометен проект, откако по најдобриот ракометар Стипе Мандалиниќ денеска беше продолжена соработката и со тренерот Жељко Бабиќ. Поранешниот хрватски селектор ги оправда очекувањата на управата, за што беше награден со нов договор, со важност до јуни 204 година.

Искусниот 48-годишен стратеег дојде во Битола во првите денови од 2020 година и ја водеше екипата во прекинатата сезона заради коронавирусот и во првиот дел од тековната сезона, во која битолскиот клуб одигра шест официјални натпревари.

Битолските „фармацевти“ се убедени дека Хрватот е идеална опција за предводник на овој проект, поради што решија со цврст долгогодишен договор да го задржат што подолго на својата клупа.

Пред да дојде во Еурофарм Пелистер, тренерот од Сплит работеше во Меткович, Кршко, Сплит, Горење Велење, Мешков Брест, а беше и селектор на хрватската ракометна репрезентација. Бабиќ е трет хрватски тренер во Битола, по Костелиќ и Мунетиќ.

Се вчитува...