Жељко остана без првиот трофеј – Осман го шокираше ПАО (видео)

Жељко Обрадовиќ и Панатинаикос останаа без првиот трофеј од новата сезона откако „зелените“ беа поразени во полуфиналето од Супер-купот на Атина од ПАОК со 82-84.

„Џелат“ на Панатинаикос беше доскорешниот кошаркар на овој тим, Турчинот Џеди Осман кој со тројка со звукот на сирената донесе огромна радост меѓу „црно-белите“ од Солун.

Осман беше најефикасен во победничкиот тим со 18 поени, 15 реализираше Александер, додека најдобри поединци кај Панатинаикос беа Франциско со 20 и Бадио со 17 поени.

Се вчитува...