Жените кои работат за Формула 1 го кренаа својот глас: Ова е некаква форма на проституција, ние служиме како украс

Жените кои работат на настани по Гран при на Формула 1 за Големата награда на Канада се чувствуваат несигурни. Тие често стануваат жртви на сексуално вознемирување или сексуален напад, стои во соопштението на Монтреалскиот женски совет.

Тригодишното истражување вклучуваше анонимни интервјуа со вработени, состаноци со организации во заедницата и повеќе од 200 часа лично набљудување. Извештајот на 100 страници е објавен на почетокот на мај. Наодите велат дека жените кои работат на настани во Ф1 „се чувствуваат несигурни, малтретирани или сексуално злоставувани“.

„Да бидеме искрени, ова е форма на проституција. Она што го правиме е услуга поврзана со нашето тело, за што добиваме пари. Се разбира, нема сексуални односи со клиенти, не им давате масажи и други работи , но вие останувате производ, украс”, рече неименувана девојка која била вработена за време на трките во Формула 1.

Се вчитува...