Женска јуниорска лига: Бадел 1862 убедливо до титулата, Марија Николов МВП

Трофејот во женската јуниорска лига му припадна на тимот на Бадел 1862 кој во финалето од Ф4 турнирот кој изминатата недела беше одигран во Скопје го совлада тимот на Струга 2009 со 64-37.

Баделки победата ја најавија од самиот почетокот на мечот, а веќе на полувремето имаа преднсот од 28-17. Стружанки се обидоја да се вратат во игра на почетокот на третата четвртина, меѓутоа веќе до крајот на истата четвртина Бадел поведе со 50-22 и ги реши дилемите за шампионската титула.

Натпреварот за трето место им припадна на кошаркарките на Крива Паланка кои го совладаа Шкупи со 88-48.

За МВП на финалниот турнир беше прогласена Марија Николов од Бадел 1862.

Се вчитува...