Жесток конфликт на тренинг на Барселона меѓу Меси и помошниот тренер

Помошниот тренер на Барселона, Едер Сарабија се најде во центарот на вниманието на натпреварот против Реал Мадрид. Каталонците беа поразени на „Сантијаго Бернабеу“ со 2-0 со што ја изгубија лидерската позиција во Ла лига. Сарабија во неколку наврати во текот на мечот им викаше на фудбалерите на Барселона, а камерата во еден момент забележа како му вика на Гризман „Антоан што правиш. Држи го далеку од топката“.

Медиумите пренесуваат дека на еден од тренинзите тој влегол во голем конфликт со капитенот на тимот Лионел Меси кој не бил задоволен од односот на Сарабија кон фудбалерите. Меси му се жалел и на Сетиен, кој подоцна морал да ја смирува ситуацијата.

Очигледно е дека и покрај промената на Ернесто Валверде работите во каталонскиот гигант се уште не функционираат.

Се вчитува...