Жестока кавга меѓу челниците на Рома, спортскиот директор го напушта клубот

Италијанските медиуми пренесуваат за жестока кавга меѓу челниците на Рома. Силен вербален судир имало меѓу првиот човек на клубот Џејмс Палота и спортскиот директор Џанлука Петрачи.

Се почнало по интервјуто на претседателот Палота во кое им се заблагодарува на сите во клупската хиерархија, освен на Петрачи. Овој факт развил дискусија, а бидејќи проблемите во односот меѓу двајцата од поодамна се наталожени, набрзо дискусијата се преточила во жестока кавга за која сведочат неколку присутни лица блиски до Рома.

Сега ситуацијата ескалирала до таа мера што се очекува Петрачи набрзо да го напушти клубот.

Поради неможноста за промена на сопствеништвото, „волчицата“ останува во долгови во гуша и сето тоа ја менува трансфер политиката на Петрачи која ја смисли за иднината на клубот. Петрачи е лут и поради сето тоа поради што се очекува негово заминување.

Петрачи во Рома пристигна минатото лето менувајќи го Мончи на позицијата спортски директор кој неколку месеци претходно замина од клубот.

Се вчитува...