Жестока казна за плукачот Турам

Германската Фудбалска Федерација го казни Маркус Турам со пет натпревари неиграње, плус парична казна, откако францускиот репрезентативец плукна противнички играч на саботниот дуел меѓу Борусија Менхенгладбах и Хофенхајм.

ВАР-снимките јасно покажаа како Турам го плука во лицето Пош, судијата му покажа црвен картон, а „дисциплинците“ не чекаа премногу за да му изречат казна на асот на Борусија. Тој нема да може да настапи на наредните пет натпревари, а зелено светло за камбек ќе добие за дуелот со Борусија Дортмунд закажан за 22 јануари. Покрај суспензијата, тој ќе треба да плати и 40.00 евра како казна на федерацијата за свото неспортско однесување.

Претходно, Борусија Менхенгладбах го казни Турам со една месечна плата за овој црвен картон, а не се исклучува можноста Французинот да биде продаден во текот на јануарскиот преоден рок.

Се вчитува...