Жестока пресметка меѓу Хамилтон и Ферстапен за феноменален почеток на Ф1-сезоната

Новата сезона од Формула 1 почна денеска со фантастичната трка за Големата награда на Бахреин, во која славеше актуелниот шампион Луис Хамилтон.

Макс Ферстапен имаше денеска пол-позиција водејќи на почетокот од трката, но Мерцедес го изненади Ред Бул со својата тактика успевајќи низ застанувања во бокс да дојде до првата позиција.

Хамилтон го презеде водството во вториот дел од трката, но Ферстапен успеа да го стигне на четири круга пред крајот. Холанѓанецот го престигна актуелниот шампион и водеше за момент, но направи грешка која Хамилтон успеа да ја искористи. Британецот ја врати првата позиција, а потоа докторски возеше до крајот за голема победа на стартот од сезоната.

На третото место на трката заврши Ботас, а четвртото место го освои одличниот Норис од Мекларен. Петти беше Перез, а потоа возачот на Ферари, Шарл Леклерк. Во Топ 10 завршија и Рикиардо, Саинт, Цунода и Штрол.

Се вчитува...