Житников: Имам понуда од Вардар, но …

Вардар ја продолжува потрагата по нов бек како наследник на Лука Циндриќ, а на врвот на листата со желби на македонскиот првак останува рускиот репрезентативец Дмитри Житников. Самиот ракометар го потврди интересот на „црвено-црните“ за негов ангажман, но и потенцираше дека конечната одлука ќе ја донесе неговиот клуб Пик Сегед, со кого Житников има валиден договор.

„Точно е, Вардар се интересира за моите услуги. Имам понуда од овој клуб, но исто така имам и валиден договор со Пик Сегед. Подготвен сум да останам во Унгарија, доколку управата на клубот не реши поинаку“ – изјави Житников.

Рускиот бек имаше одлични сезони во дресот на Висла, но минатото лето се пресели во Унгарија, каде не се снајде најдобро во тимот на Пик Сегед. Тренерот Пастор не смета сериозно на неговите услуги, но останува да се види дали Пик Сегед би го ослободил Русинот од обврските, или пак новиот унгарски првак ќе инсистира на отштета од Вардар, нешто што би било проблем со оглед на сериозните финансиски проблеми со кои се соочуваат „црвено-црните“.

Се вчитува...