Живко Мукаетов одликуван со „Орден за заслуги за Македонија“

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов е одликуван со „Орден за заслуги за Македонија“ од страна на претседателот, Стево Пендаровски.

Во указот потпишан од претседателот Пендаровски, се наведува дека орденот е доделен за континуитетот, иновативноста, визијата и беспрекорните професионални стандарди во современото корпоратовно управување во фармацевтската индустрија, за докажаниот квалитет во производството на брендовите кои се градени, одржувани и осовременувани со генерации наназад, за инвестицијата во новите технологии и во едукацијата и експертизата на кадрите кои ги создаваат брендовите, како и за неговата филантропска култура и широка општествена одговорност.

Покрај улогата на претседател на Ракометната федерација на Македонија, Мукаетов е еден од најуспешните бизнисмени во државата, како генерален директот на фармацевтскиот гигант „Алкалоид“.

Покрај Мукаетов орден за заслуги добија и Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов и Ремзи Несими.

Се вчитува...