Животна партија на Богдановиќ – феноменални 48 поени, Портланд го сруши шампионот (ВИДЕО)

Феноменална партија на Бојан Богдановиќ кој го одигра најдобриот натпревар во досегашната НБА кариера. Јута славеше против Денвер со 127-120, а хрватскиот репрезентативец постигна дури 48 поени.

Богдановиќ погоди 16 од 23 шута, погодувајќи и дури осум од 11 обиди за тројка. Запиша најмногу поени за Јута од 1998 година кога Карл Мелоун постигна 56 поени против Голден стејт.

„За секој шут бев сигурен дека ќе погодам. Соиграчите ме бараат во текот на целиот натпревар, и им благодарам за тоа“ – истакна Богдановиќ по мечот.

Портланд ја доби директната пресметка за влез во плеј-офот откако славеше против ЛА Лејкерс. Блејзерс до победата беа предводени од одличниот Демијан Лилард со 38 поени, а Нуркиќ го заврши мечот со 10 поени и 13 скока. Кај Лејкерс, кои беа без Леброн Џејмс, со 36 поени и 12 скока се издвои Ентони Дејвис.

Далас го победија Кливленд со убедливи 110-90, па сега се петти на западот. Лука Дончиќ мечот го заврши со 24 поени и осум скока.

Се вчитува...