Животот на Јанис Адетокумбо: Од продавач на улица до најбогатиот договор во НБА

Животната приказна на Јанис Адетокумбо е далеку од завршена, но каде се наоѓал Гркот со нигериско потекло пред една деценија, а каде е сега е навистина неверојатно. Се’ започнува од Атина, но всушност Нигерија, од каде потекнуваат неговите родители кои во потрага по подобар живот емигрирале кај нашиот јужен сосед.

Без документи и без пари неговите родители, а потоа и самиот тој морале да работат со продажба на реплики на познати марки…

„Доколку можам да се вратам назад во животот не би го сменил тој момент, бидејќи истиот тој ме направи човекот кој што сум денеска“ – изјави Гркот пред неколку години.

Од времето поминато на атинските улици, Јанис го помни ентузијазмот за спорт и напорната работа, која го привлекува вниманието на Вили Вилар, поранешниот спортски директор на Сарагоса, кое на крајот ќе се воспостави како клучно за влез во НБА лигата. На драфтот во 2013 година, 15. пик се појавува без одело, бидејќи нема пари да си дозволи едно. Ни почетоците во најдобрата лигата не се беспрекорни. Со цел да му помогне на негово семејство, Јанис од платата за себе задржува само онолку колку што е неопходно, а нема ни пари за такси па мора да трча за да стигне на тренинг на Бакс.

Навистина неверојатно. Сепак „одисејата“ на Адетокумбо добива и среќен крај. По долгите страдања, со неговиот талент, поджртвуваност и напорна работа станува еден од најдобрите играчи во НБА лигата, а грчкиот репрезентативец сега доби нов договор од Бакс, вреден 228,2 милиони долари со кои ќе остане во Милвоки до 2026 година.

Се вчитува...