Жижовиќ: Емотивен натпревар за мене, благодарам на играчите за победата

Младен Жижовиќ го имаше своето деби на клупата на Шкупи и го заокружи со победа над АП Брера во дербито на 7. коло. Жижовиќ под импресии од мечот, кажа дека за него било многу емотивен меч, и им се заблагодари на играчите за трите бода.

Тренерот на Шкупи пред неколку дена го загуби и својот татко, кажа дека неговиот тим заслужено дошол до победата.

„Апсолутно ја заслуживме оваа победа според она што го прикажавме денеска. Својата шанса ја имаа и гостите кога ја погодија стативата, тука имавме и среќа, но генерално гледајќи ги бројот на шанси, мислам дека заслужено победивме. За мене беше многу тежок и емотивен натпревар, и јас им благодарам на играчите кои го дадоа максимумот да дојдеме до победа, и се надевам дека ќе продолжиме во ова темпо“, рече Жижовиќ.

Се вчитува...