Жижовиќ го препороди Шкупи, чаирчани се повторно фудбалски лидери (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шкупи ја продолжи одличната серија победи во домашните натпреварувања, па по денешната победа од 2-0 против актуелниот шампион Струга ТЛ го запоседна врвот во Првата македонска фудбалска лига.

Чаирчани се препородени под водство на новиот стратег Младен Жижовиќ кој откако дојде на клупата на Шкупи има четири победи од исто толку натпревари, вклучувајќи ја и куп-средбата против Коњаре.

Шкупи со денешното издание и победа против стружани само ја нагласи определбата сезонава повторно да атакува за враќање на шампионската титула во своите витрини.

 

Се вчитува...