Жижовиќ: Голема победа против многу тежок противник

Шкупи повторно е лидер на табелата во Првата македонска фудбалска лига по победата од 1-0 против Македонија ЃП во 15. коло. По натпреварот своја оценка даде тренерот на чаирчани Младен Жижовиќ, кој уште еднаш го пофали тимот за посветеноста дадена на натпреварот кој го оцени како доста тежок.

„Тежок натпревар, како што очекувавме. Мислам дека момците максимално го искористија тоа со тоа што дадоа голема посветеност и да речеме квалитативна работа. Навистина сум горд на оваа група момци со работата што ја работат и придонесот што го даваат за овој клуб, со оглед на тоа низ што поминаа во последниот период. Се надевам дека ќе собереме сила и знаење за да останеме на врвот на табелата. Генерално, жалам за повредата што ја доби Нилтињо, но ќе ги чекаме лекарските прегледи, но се плашам дека го загубивме до крајот на сезоната. Но генерално другите работи се добри, честитки за момците и одиме понатаму“, изјави Жижовиќ. 

Следниот натпревар го играме во среда кај Гостивар како гостин, додека со трите освоени бода денеска повторно сме на врвот на рангирањето со акумулирани 31 бод.

Се вчитува...