Жижовиќ: Имавме огромна желба за победа во Кратово, но очигледно само тоа не е доволно

Шкупи го доживеа вториот порез сезонава во Првата македонска фудбалска лига, овој пат на гостувањето против Силекс во Кратово, што за чаирчани е прв пораз по 12 едноподруго натпревари одиграни во првенството, три во купот и две пријателски.

Прв пораз и за тренерот Младен Жижовиќ откако од 7. коло во шампионатот го презеде тимот.

„Натпреварот го почнавме добро, на време постигнувајќи гол. Но, по паузата не успеавме добро да реагираме, по индивидуална грешка го примивме израмнувачкиот гол, а грешките продолжија и понатаму па нормално беше да бидеме казнети и со втор погодок. Генерално погледнато заслужен пораз и покрај тоа што се трудевме максимално со огромна желба да дојдеме до победа, но се чини дека тоа не беше доволно. Мора да продолжиме да тренираме и да работиме како на последните четири натпревари од полусезоната би ги освоиле максималниот број бодови“ – вели Жижовиќ.

До крајот на есенската сезона остануваат уште четири натпревари. На 26. ноември Шкупи ја пречекува Македонија ЃП, на 29. ноември гостува во Гостивар, потоа на 3. декември ќе биде домаќин на Шкендија во Чаир и на крај во последното есенско коло на 10. декември гостува во Струмица против АП Брера.

Се вчитува...