Екипата на Шкупи под водство на тренерот Младен Жижовиќ, ја запиша и третата победа во третиот натпревар на клупата на чаирскиот тим. Тој победи двапати во првенството и еднаш во Купот, а денеска Шкупи издвојува победа во Охрид над тимот на Воска Спорт.
И покрај брзото водство на Воска (11 секунда), сепак, на крајот неговиот тим стигна до триумф од 2-3.
„Важна победа за нас, поради тоа што имавме многу лош почеток. Не почнавме како што треба, примивме гол во 12. секунда, но собраве сили, знаење и квалитет за да го свртиме натпреварот во наша корист. Оваа победа е добродојдена за зголемување на самоводербата пред дербито против Струга ТЛ на Чаир идната недела“, вели Жижовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА