Жоан Канељас се збогува со Македонија

По две години поминати во Вардар и во Македонија, шпанскиот репрезентативец Жоан Канељас тргнува во нов предизвик со унгарскиот ПИК Сегед. Вчера, Шпанецот со Вардар во актуелниот состав го одигра последниот натпревар против Металург во Автокоманда, а денеска се збогува со Скопје и со Македонија.

Канељас во Скопје ги доживеа можеби и најблескавите моменти во богатата клупска кариера бидејќи токму со Вардар ја освои првата титула во Лигата на шампионите.

По две години поминати во Македонија, време е за нова фаза, повторно да бидам дел од возбудлив проект. Вечно благодарен на Вардар што ми пружи можност да уживам во одличен тим, прекрасни навивачи и да го исполнам мојот сон и да ја освојам мојата прва титула во Лигата на шампионите. Тоа е незаборавно искуство!“ , напиша Жоан Канељас во својата прошатлна порака илустрирана со неговите патики пред СЦ „Јане Сандански“.

Покрај Канељас, летово од Вардар си заминуваат и тренерот Раул Гонзалес и неговиот помошник Давид Дејвис, Хорхе Македа, Лука Циндриќ, Илија Абутовиќ и Мијајло Марсениќ.

Се вчитува...