Жоао Феликс го води Атлетико кон Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид стигна до значајни три бода, откако триумфираше на гостувањето кај директниот конкурент во борбата за топ 4 Реал Бетис со 1-3 во 27. коло од шпанската Ла лига. Првото полувреме ни донесе буквално се.

Жоао Феликс во 2. минута донесе водство за гостите од 0-1, а потоа следуваше нешто што го разбесни Диего Симеоне. Неговите фудбалери беа во контра буквално 3 на 0 која не успеаја да ја искористат откако Караско не ги проигра добро двајцата соиграчи кои беа сами на празен гол.

По ова промашување следуваше казна, а домаќините израмнија преку Телјо во судиското надополнување на 1-1. Во вториот дел Феликс со својот втор гол во 61. минута донесе ново водство за „дуешкчиите“ (1-2), додека конечните 1-3 ги постави Лемар во 80. минута.

 

 

 

 

Се вчитува...