Жоао Феликс повторно херој за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Одличниот Португалец, Жоао Феликс повторно беше прво име во таборот на Атлетико Мадрид во гостинската победа над Осасуна од 1-3. Феликс беше стрелец на головите за „душекчиите“ во 43. минута од пенал и 69, а во меѓувреме и не успеа да го реализира и вториот пенал во 48. минута. Анте Будимир во 80. минута намали на 1-2, а конечните 1-3 ги постави Тореира во 89. минута.

Со оваа победа избраниците на Чоло Симеоне се искачија на третата позиција на табелата со 14 бода, два повеќе од големиот ривал Реал Мадрид, но и натпревар помалку. Осасуна која имаше солиден старт на сезоната останува 9. со 10 бода.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...