Жоао Феликс во Арсенал, тоа е идеална комбинација

Атлетико Мадрид почна да се ослободува од играчите на кои Диего Симеоне не смета сериозно за вториот дел од сезоната. Прв нога повлече Бразилецот Куња селејќи се во Вулверхемптон, а неговите стапки се очекува да ги следи и дефанзивецот Фелипе. Караско исто така се наоѓа на листата на играчи со спакувани куфери, но најтешко се чини дека ќе биде да се најде купец за Жоао Феликс, играчот кој беше прескапо платен на Бенфика (над 120 милиони евра), а сега никој нема намера да плати 100 милиони евра, колку што бара Атлетико за Португалецот.

Шпанските медиуми најавуваат „план Б“, зелено светло за позајмица на Феликс, со надеж дека тој ќе блесне во наредните месеци и со тоа ќе си ја зголеми вредноста на пазарот. Во една таква ситуација, во преден план е Арсенал, тим што игра одличен офанзивен фудбал по мерак на португалскиот голгетер, но и тим кој исто така е во потрага по краткорочно решение за нов напаѓач, по повредата што ќе го оддалечи Габриел Жезус најмалку три месеци од фудбалските терени.

Артета и претходно се интересираше за овој фудбалер, но тогаш цената беше проблем. Сега кога Атлетико е подготвен за компромис, а „топчиите“ бараат нов голгетер, може да се очекува офанзива во првите денови од јануарскиот преоден рок, за Феликс да се пресели на „Емирати“ на почетокот од 2023 година и да остане најмалку до јуни.

Се вчитува...