„Жолтата подморница“ зариба уште на стартот

Вилјареал ангажираше неколку квалитетни засилувања, го донесе и Унаи Емери за тренер, но „жолтата подморница“ разочара на стартот од новата сезона на Ла Лига, ремизирајќи на домашен терен против новиот прволигаш Хуелва (1-1).

Домаќините постигнаа два гола во првото полувреме, но двата беа оправдано поништени поради офсајд, по што Хуеска прва поведе преку Мафео по еден беспрекорно организиран контранапад. Вилјареал израмни од пенал, но тоа беше премалку за да се стигне до цел плен на овој натпревар.

Дополнителна главоболка за Емери претставува повредата на коленото што ја заработи Кокелан, кој летово пристигна од Валенсија, а сега по се изгледа го очекува подолга пауза од терените.

Се вчитува...